Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар гостува кај АВ Охрид
Кошарка: Вардар гостува кај АВ Охрид

Кошарка: Вардар гостува кај АВ Охрид

Момците на кошаркарскиот клуб Вардар овој викенд  гостуваат во градот  Охрид, тие во сабота, 08.12.2018, во 18:00 часот во салата “Билјанини Извори” ќе играат меч  со  тимот на АВ Охрид. Ова е средба од 9.коло во Првата лига.

Натпреварот е дерби, на две екипи кои се борат да испливаат од последните позиции и кои имаат сличен квалитет. Вардар досега има две победи на седум дуели во најсилната лига, ривалот има еден триумф.  Победа на овој дуел ќе не вивне кон средината на табелата, пред тешкиот домашен меч идното коло во кое го пречекуваме актуелниот шампион тимот на КК Работнички.