Од младите ракометни екипи на црвено-црните пред зимската пауза уште активни се два тима, машкиот пионерски и женскиот младински тим. Тие имаат нови предизвици пред себе.
Пионерите на РК Вардар предводени од Зоран Петковски-Зенга играат денес, 6.декември против екипата на РК Јуниор КВ. Натпреварот е закажан со почеток во 20 часот и 30 минути во салата “Круме Кепевски“ во скопската населба Кисела Вода. Ова е дуел од 6.коло во пионерската Група-1.
Младинките на ЖРК Вардар предводени од Симе Симовски и Александар Царчев ги очекува уште едно дерби за врвот во лигата. Тие се домаќини на тимот на ЖРК Металург на натпревар кој ќе се одигра во сабота, 8.декември со почеток во 13-00 часот. Дуелот ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.