Кога започна со работа и нашиот веб сајт пред речиси четири години, започнавме активно да ги следиме настапите на сите младински ракометни екипи на Вардар, како и играчите кои во иднина би можеле да заиграат за првиот тим и да остават свој “печат“ во играчката кариера. Не ни беа потребни многу натпревари за гледање за да препознаеме дека младиот Марко Кизиќ кој сега има 17 години е со несомнено голем потенцијал, па беше само прашање на време, кога вардаровата но и целокупната ракометна јавност во Македонија ќе може на дело да го види неговиот блесок.
Се она што го имаме напишано за овој млад голман, тоа се многу интервјуа, изјави, анализи и текстови наменети за него, денес полека “испливаа“ на површина. Вардар треба да биде среќен што има голем потенцијал на голот, за кој во иднина треба да биде дефинитивно и прв голман на тимот. Кизиќ блесна на вчерашното дерби против екипата на Металург, дуел на кој тренерот Парондо му ја даде довербата цели 60 минути да биде на голот. Марко и повеќе од што треба ја оправда довербата, тој го заврши натпреварот со дури 14 одбрани, од кои имаше два одбранети седмерци, и неколку чисти зицер удари на противникот. Само за споредба, Кизиќ имаше повеќе одбрани, заедно од двајцата голмани на Металург, Даниловски кој заврши со 9 и Томовски со 2 одбрани.
Дел од вестите, интервјуата и изјавите на нашиот веб сајт со Марко Кизиќ, прочитајте задолжително.
Марко Кизиќ: Огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на тренерот Петрушевски.
(Фотогалерија) Кадетите на Вардар се вицешампиони на Македонија, Марко Кизиќ е најдобар голман
Марко Кизиќ: Наградата за најдобар голман, беше круна на одличната сезона за целата екипа
Марко Кизиќ: Секој од моите соиграчи имаше свој придонес во победата.
Марко Кизиќ за Вардарфанс:Турнирот за нас беше одлично искуство.