Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Марко Кизиќ од Вардар е најдобар голман на турнирот во Романија, на кој настапи кадетската репрезентација на Македонија
Марко Кизиќ од Вардар е најдобар голман на турнирот во Романија, на кој настапи кадетската репрезентација на Македонија

Марко Кизиќ од Вардар е најдобар голман на турнирот во Романија, на кој настапи кадетската репрезентација на Македонија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија беше дел од силен меѓународен турнир во Васлуи, каде одигра три натпревари, на кои забележа три порази. Подобри од нас беа репрезентациите на Украина, Израел и домашната селекција на Романија. Иако бевме поразени на сите три натпревари, напите противници не не надиграа, и нашите надежи покажаа дека можат да се носат со секого.

На крајот беа доделувани награди за најдобар голман, стрелец и МВП на завршниот турнир. За најдобар голман е прогласен токму членот на Вардар, се работи за Марко Кизиќ кој оваа сезона го брани голот на вториот тим на РК Вардар, а е прогласен за настапи и во првиот тим на Европскиот шампион во најголемото ракометно натпреварување. Според организаторите на турнирот, Кизиќ покажал највеќе и оставил најголем впечаток од сите голмани на турнирот во Васлуи.

17796415_10154744935493052_3506057669274821541_n

Голема заслуга за неговиот напредок има и моменталниот тренер во младинските категории на Вардар, се работи за Кристијан Грчевски кој истовремено е и помошен тренер на Данило Брестовац во кадетската репрезентација на Македонија, а во Вардар заедно со Чивлачки ги предводат младинците на Вардар кои се есенски шампиони во првиот дел од сезоната во младинската лига.

На овој турнир за кадетската репрезентација од редовите на Вардар настапија и Андреј Петковски, Мартин Карапалевски, Игор Ѓорѓиев и Мартин Мајсторовски.