Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Амандин Лејно ја има втората најдобра одбрана во 2017 година во ЛШ, на високото седмо место котира и Суслина, а во изборот се најде и Песоа
(ВИДЕО) Амандин Лејно ја има втората најдобра одбрана во 2017 година во ЛШ, на високото седмо место котира и Суслина, а во изборот се најде и Песоа

(ВИДЕО) Амандин Лејно ја има втората најдобра одбрана во 2017 година во ЛШ, на високото седмо место котира и Суслина, а во изборот се најде и Песоа

Во годината која полека изминува, ЕХФ направи избор на најдобрите 30 одбрани во женската лига на шампиони за 2017 година. Во овој избор се најдоа и трите голманки на црвено-црните, кои минатата сезона го сочинуваа голманскиот тандем на Вардар. Се работи за Амандин Лејно и Ина Суслина кои и оваа сезона се дел од клубот, како и Мајса Песоа која го бранеше голот на Вардар во минатата сезона.

Одбраните на Песоа и Суслина во големото финале на ЛШ, каде се сретнаа Вардар и Ѓер се избрани во ТОП-30 најдобри интервенции. Одбраната на Суслина котира на високото седмо место. Тука се и одбраните на Амандин Лејно и со вкупно три, репрезентативката на Франција се најде во ТОП-30 најдобри. Едната е кога на домашен терен игравме против екипата на Будуќност во рамките на главата рунда, втората е против Митјланд на гостински терен, во четврфиналето кога црвено-црните славеа на првиот четвртфинален меч и истата се најде на високото шестто место на најдобри одбрани. Двојната одбрана на Лејно во дуелот со Ларвик оваа сезона во групната фаза се најде на втората позиција.