Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Кизиќ: Оваа победа ќе значи уште поголем мотив за завршниот турнир кој ке се одржи во Автокоманда

Марко Кизиќ: Оваа победа ќе значи уште поголем мотив за завршниот турнир кој ке се одржи во Автокоманда

Кадетите на ракометниот клуб Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во рамките на групата 2 од кадетската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски го добија решавачкиот натпревар за првото место, совладувајќи ја екипата на Металург во дербито кое се играше на Кале. Црвено-црните славе со резултат 27:23 и поради подобриот меѓусебен дуел завршија пред тимот од Автокоманда. Сепак и двете екипи ќе играат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Творец во победата против Металург беше нашиот голман, Марко Кизиќ кој го заврши натреварот со 21 одбрана. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата.

-Ова претставуваше многу важен натпревар за освојување на првото место во групата. Влеговме многу мотивирани и со голема желба за победа, иако противничката екипа не се појави во полн состав знаевме дека нема да биде лесно. Одигравме одличен натпревар, како јас, така и моите соиграчи кои ми помогнаа со одличната игра во одбрана. Се боревме до последна секунда и заслужено го добивме овој натпревар и првото место во групата. Оваа победа ќе значи уште поголем мотив на завршниот турнир кој ке се одржи во автокоманда.

vardarfans-tekst

И оваа година завршниот турнир во машката кадетска лига ќе биде одигран во спортската сала во Автокоманда. Во полуфиналните мечеви ќе се сретнат екипите на Вардар и Струга, како и Металург против Јуниор Ивни.

-Во полуфиналето за противник го имаме тимот на Струга. Прв пат се сретнуваме со оваа екипа, но тоа не значи ништо, баш напротив ке бидеме уште помотивирани и поконцентрирани. Можеби улогата на фаворит малку се префрла кај нас, но тоа не значи дека нема да биде тежок натпревар, во кој се надевам дека ќе бидеме победници и ќе влеземе во големото финале.

Се поизвесно е дека ќе гледаме финале помеѓу екипите на Вардар и Металург. Тоа всушност ќе биде реприза на финалето од минатата сезона кога двете екипи се соочија во автокоманда, а во еден неизвесен натпревар на крајот подобар беше Металург.

-Доколку се сретнеме во финалето со екипата на Металург нема да има фаворит. Двата тима се еднакво квалитетни, но Металург ќе игра на домашен терен што е огромен плус за нив. За разлика од финалето минатата година, сега мислам дека сме многу поквалитетна и позрела екипа. Во овој период мислите ни се само на Ф4 турнирот. Имаме и квалитет и желба и се надевам дека ќе го освоиме златото.

Звонко Ивановски