Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните заминаа за Брест, по освојување на третиот трофеј во СЕХА-лигата

Црвено-црните заминаа за Брест, по освојување на третиот трофеј во СЕХА-лигата

Рано наутро ракометарите на Вардар тргнаа за Брест, каде од петок до недела ќе бидат дел од завршниот турнир во СЕХА-лигата. Од Загреб со чартер лет, црвено-црните ќе пристигнат во градот Брест каде ќе се игра Ф4.

Во петок нашиот состав го игра полуфиналето против тимот на ППД Загреб, со почеток од 17:30 часот. Овие два тима веќе одиграа четири натпревари оваа сезона и тоа по два во рамките на ова натпреварување и лигата на шампионите. По две победи имаат и Вардар и Загреб. Добро се познаваат двете екипи, така да нема скриени адути, единствено новина во тимот од Хрватска е новиот предводник, Славко Голужа кој ќе биде на клупата до крајот на сезоната. Во другото полуфинале од 20:30 часот ќе се сретнат Веспрем и домашниот Брест Мешков. На овој Ф4,Вардарци отпатуваа единствено без десното крило, Данил Шишкарев кој има поведа, додека на негово место дополнително отпатува членот на РК Вардар Јуниор, тоа е Мартин Поповски.

Вардар и Веспрем се најтрофејни во ова натпреварување, по вкупно два трофеи. Сите мечеви од завршниот турнир ќе бидат пренесувани на МТВ-1.