Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го изненади Радовиш, лидерот на плеј-аут табелата

Вардар Јуниор го изненади Радовиш, лидерот на плеј-аут табелата

Вчера во салата “Кале“ младата вардарова ракометна сениорска екипа РК  Вардар јуниор  во натпревар од  плеј-аут делот ја забележаа и втората победа. Нашите момци триумфираа над  Радовиш, 29-23, екипа која влезе како фавориот во дуелот и имаше најмногу бодови на плеј-аут табелата на почетокот од овој сегмент. Со оваа втора победа ја потиснуваме екипата на РК Металург-2 кон предпоследната позиција која води во баражот.

Први со гол мечот го  отворија гостите, ние вративме со погодок за 1-1. Во почетните моменти подобро се снајдоа радовишани кои поведоа со 1-3. Момците на Стојан Петрушевски изедначија на 3-3,  потоа резултатот беше уште два пати изедначуван. На семафорот во Кале стоеше 4-4, а потоа и 5-5 тоа беше последен поволен резултат за нашиот противник на овој дуел. До крајот на првиот дел постојано го зголемувавме водството, погодувавме од контри и позициони напади. На одмор заминавме со плус “четири“ односно со резулат 12-8 во наша корист.

Вториот дел почна со два едно подруго голови за црвено-црните кои поведоа со “шест плус“ што беше наше најголемо водство во дотогаш во овој дуел, ние поведовме со 14-8.  Следеше период во кој екипата на РК Радовиш беше подобар противник тие успеаа да ја вратат неизвесноста и намалија на 16-14. Во продолжението се играше многу ефикасно двата тима погодуваа, Јуниор се врати на “шест позитива“ пред самиот финиш на дуелот 26-20. Успеавме во последните минути да ираме мирно гол за гол, двата тима постигнаа по три погодоци и ние триумфиравме со 29-23. Кај нас најефикасни беа следните момци: Мартин Поповски и Мартин Манасков со постигнати по  6 гола, а 5 погодоци имаше Ангелов Иван.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов, Димовски, Георгиевски 4, Димитровски, Ангелов 5, Кизиќ, Анастасовски 4, Поповски 6, Трпчевски, Симиќ 3, Ристов, Манасков 6, Кукуловски, Цветаноски, Ончев.