Пионерите на Рк Вардар предводени од тренерот Горан Стојков го освоија третото место на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“.
Резултатите кои ги остварија на турнирот се следниве:
1.Вардар ДБ – РК Вардар 2 6-27
2.РК Вардар 1 – РК Вардар 2 15-28
3.РК Вардар 2 – ХЈС Работник 11-17
4.Шампион Вардар – РК Вардар 2 21:28
-Турнирот беше одлично организиран.За нас помладите беше интересно искуство,а што се однесува до самите натпревари добро беше што игравме со противнички екипи од постари генерации.Нашата екипа се состоеше од деца кои се родени 99/00/01,а игравме во генерација 98/99.Задоволен сум лично од мојот настап,на првиот натпревар имав малку трема,но како се одвиваше турнирот се чуствував послободен.Исто така запознавме многу нови другарчиња од различни градови,ни изјави Марко Кизиќ за нашиот сајт.
18.01.2015
Звонко Ивановски