Пионерите на Рк Вардар предводени од тренерот Горан Стојков го освоија третото место на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“.
Резултатите кои ги остварија на турнирот се следниве:
1.Вардар ДБ – РК Вардар 2 6-27
2.РК Вардар 1 – РК Вардар 2 15-28
3.РК Вардар 2 – ХЈС Работник 11-17
4.Шампион Вардар – РК Вардар 2 21:28
Александар Стојчевски ја понесе наградата за најдобро лево крило.
-Целокупните впечатоци за турнирот ”Еден живот Една љубов” се позитивни,тоа беше едно големо искуство за сите нас и прекрасно место за дружење.Организацијата на турнирот беше на високо ниво.Ние дадовме се од себе на турнирот но мислам дека можевме да изиграме многу подобро.Ова е моја прва индивидуална награда на турнир кој што е одржан во Македонија и сум многу задоволен,ни изјави Александар Стојчевски за нашиот сајт.
19.01.2015
Звонко Ивановски