Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Александар Мирчев за Вардарфанс:Нашиот сон е да се биде дел од првиот тим на Вардар.
Александар Мирчев за Вардарфанс:Нашиот сон е да се биде дел од првиот тим на Вардар.

Александар Мирчев за Вардарфанс:Нашиот сон е да се биде дел од првиот тим на Вардар.

Кадетите на Рк Вардар се освојувачи на турнирот- Вардар“еден живот,една љубов“ во својата генерација.На турнирот земаа учество 21 ракометна школа,или вкупно 75 екипи,кои се натпреваруваа во различни категории.

Кадетите на Рк Вардар беа убедливи во сите натпревари,и на крај сосема заслужено се искачија на највисокото место.

1.РК Вардар-Рк Илинден 30:6
2.РК Вардар-Рк Вардар Карпош 27:6
1/2 РК Вардар-РК Вардар(пионери) 25:18

ФИНАЛЕ:РК Вардар-Хјс Работник 19:10

-Најпрво сакам да се заблагодарам на мојот тренер Зоран Петковски кој е и повеќе од заслужен за овој наш резултат, исто така сакам да се заблагодарам на Тања Медвед која ни обрна посебно внимание на нашата екипа . Организацијата беше во најдобар ред и се надевам дека ова ке стане и традиција која ќе продолжи низ годините да се одржува.Од резултатот неможам да не бидам задоволен и мислам дека и повеќе од заслужено го освоивме турнирот, но овде ништо не застанува ќе треба да се продолжи со континуирана работа и се надевам дека и ќе ги оствариме нашите соништа, а тоа е да се биде дел од првиот тим на Рк Вардар.

Наградата за најдобар играч на турнирот ја понесе токму Александар.

-За наградата искрено да кажам бев изненаден ,ова воеедно е и моја прва награда за најдобар играч и се надевам дека и во иднина ќе заслужам со мојата игра да добијам повторно ваква, која за секој играч е од големо значење,изјави Александар Мирчев за нашиот сајт.

19.01.2015

Звонко Ивановски

Leave a Reply