Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар убедливо го поразија Јуниор К.В и стигнаа до четвртата победа во серија
Пионерите на РК Вардар убедливо го поразија Јуниор К.В и стигнаа до четвртата победа во серија

Пионерите на РК Вардар убедливо го поразија Јуниор К.В и стигнаа до четвртата победа во серија

Четврта последователна победа за пионерската екипа на РК Вардар, која вечерва без проблеми славеше на гостувањето кај екипата на Јуниор Кисела Вода.

Многу работи околу конечниот победник беа јасни уште по првите 20 минути, кога домашната екипа успеа да постигне само еден и единствен гол. Вардарци постигнаа десет голови во серија, за во 15 минута рв гол да постигне и Јуниор К.В за намалување на 1:10. До крајот на првиот дел, избраниците на Петковски и Бисинов направија серија од 0:3 и на полувреме заминаа со двоцифрена предност од 1:13.

Целосна катастрофа за домашниот тим и во второто полувреме. Иако во првите десет минути од вториот дел Јуниор К.В намалија на 7:17, до крајот на мечот не успеаа да постигнат ниту еден гол, период во кој Вардар направи серија од 0:13, за на крајот да слави убедлива победа со резултат 7:30.

Најефикасен беше Кирил Симоновски со 6 голови, додека Ѓеоргиј Спасовски додаде 5. По 4 гола беа дело на Алек Алексовски и Виктор Трифуновски.

На тој начин пионерите на Вардар стигнаа до четвртата победа, во рамките на групата 1 од пионерската лига. До крајот на есенскиот дел останува да се одигра уште едно коло, во кое Вардар е домаќин на тимот на Ангели од Волково.