Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Марко Кизиќ: Огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на тренерот Петрушевски, целта на Вардар Јуниор е да опстанеме во Супер лигата
Марко Кизиќ: Огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на тренерот Петрушевски, целта на Вардар Јуниор е да опстанеме во Супер лигата

Марко Кизиќ: Огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на тренерот Петрушевски, целта на Вардар Јуниор е да опстанеме во Супер лигата

Марко Кизиќ, голманот кој со само 17 години е пријавен за настап со првиот тим на РК Вардар во Лигата на Шампионите. Токму нашето следно интервју е со големата голманска надеж на Вардар, кој исто така е дел од тимот на Вардар Јуниор кој се натпреварува во Супер лигата. Марко е и кадетски и младински репрезентативец на Македонија, кој беше дел од изминатите ЕХФ шампионати во Скопје и Грузија. Беше на списокот на Парондо за летниот подготвителен период, но истиот го пропушти поради настап со кадетската репрезентација на споменатиот ЕХФ Шампионат, но затоа беше со екипата на турнирот во Стразбур. Доби шанса да биде дел од составот на Вардар и на стартот од сезоната во СЕХА-лигата, во тандем со Милосављев и Петковски. Моментално го брани голот на Вардар Јуниор и на младинскиот состав и тоа со голем успех, најголем дел од мечевите ги завршува со двоцифрен број на одбранети удари. Неговиот блесок е откриен, треба само напорна и макотрпна работа за да докаже дека се работи за голем потенцијал, не само на Вардар туку и на Македонскиот ракомет.

marko-3

1. На мечот против ГРК Борец имавте лош старт и во два наврати имавте негатива од три гола, што беше пресудно за мечот да тргне во друг правец. Секако вие имате голема заслуга за победата, во која учествувавте со дури 17 успешни одбрани?

-Имавме тежок натпревар против екипата на ГРК Борец иако резултатот не го покажува тоа. Да победиш било која екипа во Супер Лигата посебно на гостински терен мораш да дадеш 110%. од себе. Имавме лош старт но не дозволивме тоа да создаде паника кај нас, се држевме до нашата игра, не дозволивме да наметнат нивно темпо и тоа даде позитивен резултат. Како одминуваше натреварот игравме се подобро и сметам дека заслужено ги освоивме бодовите од гостувањето во Велес.

2. Еден дел од подготвителниот период го помина со првиот тим на РК Вардар. Какво е чуството да се биде во тим со големи ракометни имиња и колку е ова значајно за твојата понатамошна кариера ?

vardar-steaua-seha-18-09-2018-174831

-Чуството да бидеш дел од тој тим е неописливо. За мене тоа е одлична шанса да собирам искуство, да учам и да напредувам во мојата кариера.

3. Имате можност да работите со голманска легенда како Дејан Периќ. Колку знаеш за него како поранешен голман и колкава е привилегијата да работите со таква личност ?

-Со Дејан Периќ работиме секој ден. За овој краток период од кога работам со него чуствувам дека имам доста научено а тоа се должи до неспорната работа со Периќ и мислам дека секој голман кој има шанса да работи со него треба да се осеќа привелегирано. Од Периќ имам гледано огромен број на утакмици и видеа и може да се каже дека е ракометна легенда и пресреќен сум што можам да работам со него.

4. После 8 одиграни кола во Супер лигата имате девет освоени бодови. На некои од натпреварите кои ги загубивте долго време бевте рамноправни со противниците, но младоста и неискуството си го прават своето, како го оценуваш овој дел од сезоната ?

-Во Супер лигата сме млада и неускусна екипа но тоа не значи дека неможеме да се бориме на секој натпревар. Имаме проблеми со ростерот бидејќи немаме многу ротација, а тоа што играме и во младинската лига ги прави работите уште потешки, па затоа се чуствува и замор кај играчите, но сепак сите го даваме максимумот 60 мин на секоја утакмица.

vardarfans-kizic

5. Со Стојан Петрушевски сте веќе подолго време, исто така големо тренерско име кое долги години е во клубот. Колкава е поврзаноста и блискоста со него ?

-Со Петрушевски соработувам од почетокот на мојата голманска кариера. Тренирав со него и пред да бидам дел од неговата екипа и тој го пренесуваше своето знаење на мене па така и огромен дел од тоа што го знам и поседувам се должи на неговиот труд во мене. Покрај работите што ги имам совладано на теренот, Петрушевски ме има научено многу и за животот надвор од теренот и за тоа како да бидам подобар човек.

01

6. Со оглед дека сте пријавен за настап во ЛШ со првиот тим на Вардар, колку сте задоволен од настапите на твоите соиграчи и остварени резултати после 7.одиграни кола ?

-Моите соиграчи во рамките на Лигата на Шампионите имаат постигнато одлични резултати, без разлика на тоа што имаат два порази од врвни тимови каде што го даваа максимумот и се бореа до самиот крај. На дуелот со Барселона им фалеше спортска среќа на моите соиграчи, додека на играчите од Барса се им одеше од рака, што направи позитивниот резултат да биде уште потешко достижен.

vardar-zheleznichar-seha-04-09-2018-173991

7. Каква е вашата комуникација со Милосављев и Гедбан, колку често тренирате заедно ?

-Со Милосављев и Гедбан работам секој ден, одлично соработуваме, се дружиме, споделуваме мислења секако тие се постари и поискусни па така да и ми даваат доста совети.

8. Што да очекуваме од екипата на Вардар Јуниор, дали е реален опстанокот од тимот во најсилната Супер лига ?

714

-Со тимот на Вардар Јуниор цел ни е да опстанеме во Супер лигата. На почетокот добро тргнавме кон остварување на таа цел, но сезоната е долга нема да биде воопшто лесно и доколку сакаме да ја оствариме ќе мора максимално да го одработиме секој нареден натпревар, истакна Кизиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски