Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Девет победи и само еден нерешен резултат за вардаровите генерации во изминатото коло од детската лига
Девет победи и само еден нерешен резултат за вардаровите генерации во изминатото коло од детската лига

Девет победи и само еден нерешен резултат за вардаровите генерации во изминатото коло од детската лига

Изминатиов викенд вардаровите генерации одиграа вкупно десет натпревари во детската лига, на кои остварија девет победи и еден нерешен резултат.

Генерацијата “2006„ имаше победничко коло со два триумфи. Вардар (1) убедливо го победи тимот на Куманово (5:1) и стигна до својата шестта победа во детската лига, додека Вардар (2) беше подобар од Еуроспорт со резултат (2:1), тоа беше петти триумф за оваа екипа.

Генерацијата “2007„ останува и понатаму единствената со максимален број на освоени бодови. Двете екипи стигнаа до нови победи. Вардар (1) го победи Албарса (8:1), додека Вардар (2) го совлада Албин (3:2). И двете екипи имаат по седум победи, вкупно 14 за шампионската “2007„ генерација.

Седма победа и за Вардар (1) од генер. “2008„ кој остана со стопроцентен ефек во детската лига, совладувајќи ја екипата на Кул (11:0), додека Вардар (2) беше подобар од екипата на Нова Колонија, со резултат 11:3. Ова беше петта победа за оваа екипа.

Две победи и за генерацијата “2009„ во ова коло од детската лига. Вардар (1) со триумфот против Кул (1) од 3:2 ја оствари својата шестта победа, додека Вардар (2) го победи Кул (2) убедливо со 5:0 и ја забележа третата победа.

Единствениот нерешен резултат во ова коло го имаше тимот на Вардар (2) кај генерацијата “2010„ кои ремизираа во дуелот со екипата на Шкупи (2). Овие момци имаат четири победи, додека ““братскиот„ вардар (1) го совлада тимот на Њу Старс со резултат 12:2 и ја забележаа шесттата победа од исто толку одиграни мечеви.

Од сите споменати натпревари можевте да прочитате извештаи на нашиот сајт.