Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кизиќ најдобар голман, Бикоски најдобар играч и Ќосевски најдобро десно крило на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Кизиќ најдобар голман, Бикоски најдобар играч и Ќосевски најдобро десно крило на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Кизиќ најдобар голман, Бикоски најдобар играч и Ќосевски најдобро десно крило на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Кадетите на Рк Вардар генерација родени 2000/2001 година се освојувачи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во својата генерација. Црвено-црните во финалето беа подобри од екипата на Рк Илинден со резултат 18:4. Избраниците на Дарко Јанев пружија максимален отпор на овој дуел, кој не беше доволен за изненадување во денешното финале. Нашите кадети сосема заслужено со вкупно пет победи на турнирот го освоија првото место.

Псле завршување на финалниот меч беа доделени наградите за најдобрите играчи на своите позиции. Екипата на Рк Вардар беше застапена со тројца ракометари во најдобриот тим на турнирот.

vardarfans bikoski najdobar igrac

Организаторот на играта на Вардарци, Христи Бикоски сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на целокупниот турнир. Тој беше еден од најзаслужните за освојувањето на првото место на својот тим, па ова признание беше и повеќе од очекувано. Младата надеж на Вардар и Македонскиот ракомет на голманската позиција Марко Кизиќ е најдобар голман на завршнот турнир. Најдобар на позицијата десно крило е Ален Ќосевски, исто така од црвено-црниот состав.

vardarfans kizik najdobar golman

Помошниот тренер на Рк Вардар, Девид Девис Камара ги доделуваше наградите за најдобрите играчи на завршниот турнир во кадетска машка конкуренција.