Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Пионерите и кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Пионерите и кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Пионерите и кадетите на ракометниот клуб Вардар се освојувачи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во своите возрасни категории.

Пионерите генерација родени 2002/2003 предводени од Андријана Будимир на убедлив начин го освоија првото место на турнирот. Пред да стигнат во финалето, нашите млади надежи забележаа четири убедливи победи. Совладани беа екипите на Опш. Кисела Вода Вардар 2 (26:4), Академија 1 ( 30:7) Бутел Вардар ( 25:6). Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Преспа Вардар и ја победивме високо со 22:9. Денес во финалето кое се одигра во салата на основното училише “Круме Кепески“ противник ни беше тимот на Кичево, против кој ја потврдивме доминацијата и славевме со конечни 22:8. Во ниту еден момент не беше загрозено нашето водство. Желбата за победа беше очигледна и повеќе изразена во редовите на младите Вардарци, кои на крајот го подигнаа шампионскиот пехар. Тројца играчи од составот на Будимир на крајот беа избрани во идеалниот тим. Ненад Ангеловски е најдобар голман, најдобро лево крило е Дамјан Димитриевски. За МВП или најдобар играч на завршниот турнир беше прогласен Бојан Чакалиќ.

vardarfans pioneri

Кадетите на Рк Вардар не дозволија изненадување во финалниот натпревар, совладувајќи го тимот на Рк Илинден Вардар. Конечниот резултат на овој меч гласеше 18:14. Противникот пружи достоен отпор, сепак црвено-црните беа екипата која го диктираше темпото на игра во текот на целиот натпревар. Претходно забележавме исто така четири големи победи, така што успешно го заокруживме второто издание на овој турнир, кој го организира нашиот ракометен клуб. Во групната фаза ги совладавме Опш. Кисела Вода Вардар (19:1), Академија 1 (23:13), Војнсион Вардар ( 17:6). Во полуфиналето бевме подобри од тимот на Урдаревски Вардар (21:7).

vardarfans kadeti sampioni-1

Христи Бикоски од редовите на Вардар е најдобар играч на турнирот. Марко Кизиќ е најдобар голман, додека позицијата десно крило е препорачана за Ален Ќосевски.