Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пет ракометари од редовите на Вардар во младинска конкуренција, добија поединечни награди на завршниот турнир
Пет ракометари од редовите на Вардар во младинска конкуренција, добија поединечни награди на завршниот турнир

Пет ракометари од редовите на Вардар во младинска конкуренција, добија поединечни награди на завршниот турнир

Денес во малата сала на спортскиот ракометен центар Јане Сандански се одигра завршниот натпреварувачки ден на турнирот во машка конкуренција. Првото место во генерација 1998/99 му припадна на Рк Вардар, кои во финалето беа подобри од екипата на Рк Вардар Јуниор. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 30:19 за поискусните избраници на тренерот Петковски. Во борбата за третото место се сретнаа екипите на Метрополис и ХЈС Работник, подобри за само еден гол беа Метрополис кои имаа водство во текот на целиот меч и заслужено им припадна третата позиција.

vardarfans nagradi 2

На крајот на свеченото затварање на турнирот беа додели наградите за најдобрите играчи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Дури пет ракометари од редовите на ракометниот клуб Вардар, на крајот сосема заслужено добија поединечни награди. Најдобар голман е Кристијан Стојов од редовите на Рк Вардар, најдобар среден бек е неговиот соиграч Дамјан Трајковски. Стефан Чакалиќ од редовите на Вардар Јуниор беше прогласен за најдобро лево крило, Андреј Мицаноски од истава екипа е избран за најдобар пикер. Признанието за најдобар играч на турнирот му припадна на Алија Амзоски од младинската екипа на Рк Вардар.

vardarfans nagradi 3

На свеченото доделување на наградите присуствуваа Тања Медвед, како и ракометарите на Вардар, Матјаж Брумен, Блаженко Лацковиќ и Алем Тоскиќ. Тие ги доделуваа дипломите за најдобрите пласирани екипи на завршниот турнир, како и наградите за најдобри поединци.