Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мечот Букурешт-Вардар со нов термин
Мечот Букурешт-Вардар со нов термин

Мечот Букурешт-Вардар со нов термин

Мечот во елитната лига на нашиот женски ракометен колектив  Вардар во  гости кај романски  ЦСМ Букурешт ќе има нов термин на одигрување. Ова е дуел од  четвртото  коло од главната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите и истиот беше закажан за на 14 февруари, но со измената  ќе се игра  на 16 февруари.

Причина за оваа измена е  недостапноста на салата „Поливалента“ каде романскиот преставник во Л.Ш  ЦСМ Букурешт ги игра своите домашни натпревари. Викендот во овој  периодот од 12 до 14 февруари  салата била закупена за некој голем бизнис настан, затоа мечот  ќе се игра  на 16 следниот месец во  вторник.