Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар се освојувачи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Младинците на Рк Вардар се освојувачи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Младинците на Рк Вардар се освојувачи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Младинците на Рк Вардар предводени од Зоран Петковски се освојувачи на второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ за генерација родени 1998/99 година. Тие во големото финале го совладаа “братскиот“ Рк Вардар Јуниор со резултат 30:19.

Натпреварот започна одлично за Рк Вардар Јуниор, кои покрај промашениот прв удар од седум метри, сепак успеаа први да го отворат резултатот. Голманот на Рк Вардар Кристијан Стојов го започна дуелот со две последователни одбрани, од кои една беше од пенал. Во наредниот период следиме израмнета игра на двете страни, помладите избраници на Слободан Чивлачки успеваа да ги казнат избрзаните напади на своите колеги и со неколку контра напади да имаат водство, но не поголемо од еден гол разлика. Рк Вардар како одминуваше првиот дел, ги консолидираше своите редови, најпрво го израмнија резултатот а во следниот напад за прв пат поведоа со резултат 7:6. Голманот на Рк Вардар Јуниор беше сигурно еден од најзаслужните за резултатската рамнотежа во првиот дел. Црвено-црните на овој меч полека но сигурно го кршеа отпорот на црвено-белите, на минута до крај имаа највисока предност во тие моменти од 13:10. Сепак Јуниор последен постигнува гол во првиот дел и на полувреме се заминува со резултат 13:11

Одморот од пет минути позитивно влијаеше за Рк Вардар. Советите на популарниот “Зенга“ вродија со плод. Во првите десет минути од второто полувреме Јуниор успеваше некако да го држи резултатска негатива не поголема од четири голови разлика. Конечниот “јуриш“ младинците на Рк Вардар го направија кога при резултат од 22:18 успеваа да постигнат шест голови во серија за прво двоцифрено водство од 28:18. Последните две минути беа само чиста рутина и доработување на мечот. Конечниот резултат гласеше 30:19.

Во победничката екипа дури тројца играчи постигнаа по 5 голови. Тоа се капитенот Дамјан Трајковски, Алија Амзоски и Никола Димитров. Во поразениот тим Марко Мишевски со 6 и Стефан Чакалиќ со 5 погодоци беа најдобрите поединци.

Поединечни награди од нашите екипи добија Дамјан Трајковски, Кристијан Стојов, Алија Амзоски, Стефан Чакалиќ и Андреј Мицаноски. 

Рк Вардар: Куртановиќ, Стојов, Петковски, Јаневски 1, Јорданов 4, Трајковски 5, Димитров 5, Апостоловски 2, Гичев, Лазов, Ѓоршоски 1, Николовски, Стоилевски 2, Амзоски 5, Степановски 2, Јовановски 3.

Рк Вардар Јуниор: Николовски 1, Босилковски, Стојчевски, Овнарски 1, Барлаковски 1, Бабамов, Јаховиќ, Мицаноски 1, Симевски 1, Давчев, Мишевски 6, Хаџидимовски, Николов 3, Блажевски, Чакалиќ 5,  Ставровски, Кочаров.