Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Манасков ”х фактор” во Полска
Манасков ”х фактор” во Полска

Манасков ”х фактор” во Полска

Останува уште еден ден до почетокот на ЕП во Полска, а на него секако дека учествува и нашата репрезентација. Момците на селекторот Обрван утре ја имаат најтешката задача на себе, играат против повеќекратниот Европски првак, селекцијата на Франција. Иако на нашата репрезентација и се даваат мали шанси за победа, сепак ние сме таква нација полни со самодоверба и мотивација, па така очекуваме позитивен резултат со кој и да играме.

Веќе нема дилема, години години наназад наша прва ”виолина” е нашиот капитен Кирил Лазаров, но и на ова првенство многу очекуваме и од нашите крила. Еден од нив е, и нашиот играч Дејан Манасков. Манасков се наоѓа во топ форма, тоа го покажа на натпреварите со Словенија, а посебно и на натпреварите со Црна Гора во Скопје. Очекуваме Манасков да блеска и на овој турнир. Покрај него, во репрезентацијата е, и нашиот ”бисер” Стојанче Стоилов. Очекуваме нашата ”балерина” заедно со капитенот Кирил Лазаров да имаат одлична престава, нешто слично на Србија или Катар, кога Лазаров го ”хранеше” со топки нашиот пивотмен. А, да не заборавиме тука е, и Ф. Лазаров очекуваме Филип да биде значаен играч од клупата.
Само храбро момци, цела нација е со вас!