Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 првенствено коло, Македониија Ѓ.П е противник за вардаровите генерации
Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 првенствено коло, Македониија Ѓ.П е противник за вардаровите генерации

Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 првенствено коло, Македониија Ѓ.П е противник за вардаровите генерации

Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 коло во првенството на младинските фудбалски категории, противник за вардаровите екипи е Македонија Ѓ.П. Пионерските екипи во среда се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците во четврток ќе гостуваат на теренот во Ѓорче.

Помладите пионери после завршување на овој натпревар ќе го добијат трофејот за освоеното прво место. Повеќе од заслужено оваа генерација на Вардар предводена од Рап-Тап пред одигрување на последното коло има 23 победи, 2 нерешени резултати и само еден пораз и со голема бодовна предност пред второпласираниот тим. Во среда имаме можност да стигнеме и до третиот последователен триумф во дуелот со Македонија Ѓ.П. Во есенскиот дел на истиов терен, славеа црвено-црните со резултат 5:1, додека на гостувањето бевме поубедливи, славејќи триумф со резултат 0:8. Дуелот во среда започнува од 10:00 часот.

Пионерските екипи на Вардар и Македонија Ѓ.П одиграа дури четири натпревари оваа сезона. Два во рамките на првенството, кои убедливо им припадна на противникот, кој славеше со по идентични 4:0 на домашен и гостински терен, додека Вардар го елиминираше тимот на Македонија Ѓ.П, во рамките на 1/од купот и тоа со две победи. На гостувањето победивме со 0:2, додека на теренот на Академијата го потврдивме пласманот во полуфиналето, кога славевме со резултат од 3:1. Во оваа возрасна категорија, Вардар ќе заврши на третото место, зад екипите на Шкендија и токму Македонија Ѓ.П. Натпреварот утре е закажан за во 12:00 часот.

Кадетите и младинците на ФК Вардар ќе се обидат со победи да ја завршат сезоната. Избраниците на Влатко Колев ги доби претходните два натпревари со избраниците од Ѓорче, со идентичен резултат од 2:1, додека младинците исто така остварија две победи во дуелите со овој противник. На гостински терен славевме со резултат 1:5, додека на домашен терен победивме со резултат 3:1. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.