Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кликовац: Голема благодарност до екипата и управата на Вардар на сето она што ми го пружија во изминативе години, Македонија секогаш ќе биде мој втор дом

Кликовац: Голема благодарност до екипата и управата на Вардар на сето она што ми го пружија во изминативе години, Македонија секогаш ќе биде мој втор дом

Дојде време за крај на една убава приказна која траеше неколку години, разделба на играчите со екипата на ЖРК Вардар, која од следната сезона ќе влезе далеку подмладена и со изменет состав. Една од ракометарките која беше најдолго во клубот уште пред да започне овој голем проект на господинот Сергеј Самсоненко, е секако Андреа Кликовац, која преку својот официјален фб профил со последна порака се прости од клубот и навивачите.

-Преубави шест поминати години во најдобриот тим. Ми претставуваше чест да играм со вас и да го делам овој дрес. Голема благодарност до екипата и управата на Вардар на сето она што ми го пружија во изминативе години. Благодарам за најдобрата публика, која секогаш беше со нас, Македонија секогаш ќе биде мојот втор дом, истакна Кликовац.

Нашата редакција исто така и се заблагодарува за сиот придонес во црвено-црниот дрес и и посакува многу успеси и трофеи во новата екипа.