Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2007“ и “2008“ со двете свои екипи ги поминаа првите пречки во елиминацискиот дел од детската лига
Вардаровите генер. “2007“ и “2008“ со двете свои екипи ги поминаа првите пречки во елиминацискиот дел од детската лига

Вардаровите генер. “2007“ и “2008“ со двете свои екипи ги поминаа првите пречки во елиминацискиот дел од детската лига

Вчера вечерта на терените на ФФМ своите натпревари во плејофот на детската лига ги одиграа генерациите на ФК Вардар родени “2007“ и “2008“ година. Како што знаеме тие изминатиов викенд беа дел од меѓународен турнир во Загреб, па затоа елиминациските натпревари ги стартуваа во текот на вчерашниот ден. Иако постоеше замор кај двете генерации, сепак и избраниците на Томче Трајановски и Павел Неделковски со двете свои екипи продолжуваат во следната елиминациска фаза, која на програмата е во текот на денешниот ден.

Вардар (1) кај генерација “2007“ успеа да ги победи врсниците од екипата на Фамос. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:2. Резултатот на овој дуел го отвори Александар Грашески кој му донесе водство на Вардар од 1:0. Сепак противникот во следниот период успева да врати со гол и да го израмни резултатот на 1:1. Црвено-црните на полувреме имаа водство од 2:1, откако повторно погоди Грашески и тоа од пенал, после направени три корни од екипата на Фамос. Гледавме интересен натпревар и во вториот дел, но конечниот резултат не ја отсликува реалната слика на теренот, со оглед дека Вардар заслужи многу поголема победа. На некоку пати пречката и стативата од голот на Фамос беа нивни сојузник, едноставно среќата не беше на наша страна и не ни овозможи пред време да го решиме победникот. Фамос се врати во игра, кога после неискористените шанси на црвено-црните успеваат да погодат за 2:2. Сепак иницијативата вроди со реултат и тоа со два евро голови на вардарци. Најпрво од левата страна, евро гол постигна Марко Крстевски, за враќање на водството од 3:2, додека конечните 4:2 на овој меч ги постави Петар Мицевски кој исто така шутираше, но од десната страна и го постави конечниот резултат.

Вардар (2) службено го доби својот дуел против екипата на Гоблен од Куманово. Сепак според ждрепката во утрешната елиминациска фаза ќе се сретнат двете екипи на оваа вардарова генерација, што значи дека за жал една од екипите не можат да ги продолжат настапите во детската лига. Само да потсетиме дека минатата сезона, Вардар (1) беше шампион во детската лига, додека Вардар (2) го освои третото место на завршниот турнир, но оваа сезона нема да имаме таква можност.

Успешно помина и помладата генерација родени “2008“ година, кои ги совладаа екипите на Драчево и Куманово.

Многу поинтересно беше на дуелот помеѓу Вардар (2) и Драчево, победникот беше решен дури по изведување на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат од 5:5. Во овој дел од натпреварот три гола постигна Петар Јаковлевски, сите со удар од белата точка, додека два постигна Стефан Марковски. После изведувањето на пенали, посреќни беа црвено-црните, кои славеа со резултат од 3:1. На голот беше играчот Илија Митаноски, а за Вардар погодија Петар Јаковлески, Коста Бошковски и Павел Андов. На тој начин оваа екипа на Вардар помина во следната елиминациска рунда.

Вардар (1) пак немаше проблеми да слави во дуелот со екипата на Куманово, резултатот на овој дуел беше убедлив во корист на избраниците на Неделковски (10:0). По првото полувреме имавме водство од 4:0. Стефан Бранковски постигна два гола, додека по еден беа дело на Арти Азизи и Ненад Дамјаноски кој погоди од удар од белата точка. Во вториот дел исто така доминиравме на теренот и постигнавме нови шест голови. Во овој дел од мечот голгетерески расположен беше Арти Азизи кој постигна три голови, два беа дело на Ненад Дамјаноски, додека Стефан Бранковски го постигна вкупно третиот гол на овој меч, за убедлива победа и продолжување на настапите во ова натпреварување.