Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Против Драчево Јуниор, вардаровите генер. 2004 и 2005 ја затвараат сезоната во регионалната-скопска лига
Против Драчево Јуниор, вардаровите генер. 2004 и 2005 ја затвараат сезоната во регионалната-скопска лига

Против Драчево Јуниор, вардаровите генер. 2004 и 2005 ја затвараат сезоната во регионалната-скопска лига

Во сабота своето последно коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година. Тие на теренот на Академијата во термините од 10:00 и 12:00 часот ќе ја пречекаат екипата на Драчево Јуниор.

Вардаровата генерација 2005 после вчерашната победа на гостински терен против екипата на Кул ја обезбеди титулата, во својата дебитантска сезона во ова натпреварување, па натпреварот против Драчево Јуниор ќе биде само формалност за избраниците на Зоран Петковски. Во есенскиот дел го совладавме убедливо противникот на нивни терен, на тој дуел триумфиравме со резултат 1:6. После завршување на утрешниот дуел, на вардарци ќе им бидат доделени медалите и трофејот за освоеното прво место.

Трофејот од купот ќе остане утеха за вардарците од генер. 2004, кои не успеаа да ја одбранат титулата во регионалната-скопска лига, која ја освоија минатата сезона. Сигурно дека на последниот, како и на претходниот дуел против Кул, шанса за игра ќе добијат играчите кои имаа помала минутажа во текот на сезоната. Вардар го победи Драчево Јуниор на гостински терен, со резултат 0:5.