Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ПОТВРДЕНО: Вардар и Шкендија ќе играат во недела (16:00) без присуство на гостински навивачи
ПОТВРДЕНО: Вардар и Шкендија ќе играат во недела (16:00) без присуство на гостински навивачи

ПОТВРДЕНО: Вардар и Шкендија ќе играат во недела (16:00) без присуство на гостински навивачи

На состанокот помеѓу претставници од двата клуба официјално е потврдено дека дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во недела со почеток од 16 часот, на арената Филип втори. Иако постоеа некои најави за одложување на истиот, сепак такво нешто нема да има и вој меч ќе биде одигран во претходно предвидениот термин. Иако од Шкендија бараа присуство на нивни навивачи, тоа нема да се случи. Во недела во употреба ќе биде пуштена само јужната трибина.

Ве очекуваме да дојдете во што поголем број и да му ја дадеме поддршката на нашиот Вардар, кон освојување на нова првенствена титула. Разликата помеѓу овие две екипи е два бода предност, со евентуален триумф на Вардарци, трофејот ќе биде многу поблиску.