ЕХФ направи видео кое ги вклучува најдобрите зицер одбрани, голови, атракции и цепелин погодоци во регуларниот дел од женската лига на шампиони. Во овој избор се најдоа две ракометарки на ЖРК Вардар. Амандин Лејно со феноменалната одбрана против Драгана Цвијиќ, на натпреварот од главната групна фаза против Будуќност во Јане Сандански, кога црвено-црните забележаа победа. Голот на Алтахус од нејзината позиција на реванш натпреварот од четвртфиналето против Ларвик, исто така се најде во изборот на ЕХФ за најубави погодоци.
Погледнете го ова видео со неверојатни голови, одбрана и атракции на играчите во лигата на шампионите.