Досега тројца вардарови фудбалери се повикани за своите селекции за учество на натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година. Од црвено-црниот фудбалски колектив досега репрезентативни повици добија Стефан Спировски, Немања Мијушковиќ и Дамир Којашевиќ.
Црнoгорските фудбалски интернационалци во нашите редови Немања Мијушковиќ и Дамир Којашевиќ добија повик за конкуренција за настап за својата Црна Гора, која ќе одигра натпреварите против Казахстан и против Данска во квалификациите за С.П. Денеска селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на црвено-жолтите момци кои ќе бидат во комбинација за дуелите со Израел и на Италија во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година. Нашиот клуб Вардар во овој список фигурира со едно име, играчот од од средниот ред Стефан Спировски. Тој во овој циклус го одигра и првиот меч со Албанија во овие квалификации нагости во Скадар. Наскоро се очекува и списокот за младинската селекција на Македонија и повеќе од очекувано е на истиот да има играчи на нашиот шампион.
фото: Кочо Сотировски