Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар-Пелистер 1:1, гостите изедначија од офсајд

(ВИДЕО) Вардар-Пелистер 1:1, гостите изедначија од офсајд

Вардар вчера одигра меч со Пелистер во домашната лига кој заврши реми 1-1 (0-0). За нас на овој дуел настапија : 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 6. Грнчаров, 4. Мијушковиќ, 77. Брдаровски, 16. Глигоров, 14. Велковски (од 53 мин. 8. Спировски), 20. Николов (од 70 мин. 87. Грозданоски), 70. Фелипе, 10. Којашевиќ, 89. Боарето (од 77 мин. 80. Обрегон).

Поведовме први преку Којашевиќ во 49 минута со прекрасен гол од слободен удар, гостите изедначија 16 минути потоа преку бразилецот Кардосо во 65 минута. Сепак тој нивни гол не беше регуларен бидејќи беше постигнат од недозволена позиција, тоа утрово ви го прикажавме низ фотографија- ВИДИ. Во продолжение видео од мечот каде се гледа и тој момент.