Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Повик до навивачите на Фенер да ги менуваат картите од Југ за Исток
Повик до навивачите на Фенер да ги менуваат картите од Југ за Исток

Повик до навивачите на Фенер да ги менуваат картите од Југ за Исток

До навивачите на Фенер се упатуваше апел од неколку страни да ги заменат картите за Југ со билети за Исток со цел натпреварот да мине во одлична атмосфера. Дел од навивачите на јужна сакајќи да биде се во ред и да не дојде до непотребни тензии апелираа за ова. Исто така и во вчерашното соопштение на Комити имаше таков дел од соопштението во тоа се велеше:

Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…