Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар убедливо поразен од екипата на Рајн-Некар, Марко Кизиќ дебитираше на само 16 години и забележа неколку одбрани
Вардар убедливо поразен од екипата на Рајн-Некар, Марко Кизиќ дебитираше на само 16 години и забележа неколку одбрани

Вардар убедливо поразен од екипата на Рајн-Некар, Марко Кизиќ дебитираше на само 16 години и забележа неколку одбрани

Европскиот ракометен шампион е убедливо поразен на вториот контролен натпревар во Германија. Во рамките на турнирот во организација на Гумерсбах, црвено-црните беа поразени од екипата на Рајн-Некар.

По првите 15 минути игра, екипата на Рајн-Некар стигна до предност од три гоа разлика (4:7). Во следните пет минути следеше подобра игра на црвено-црните, каде во главна улога беа бековите на Вардар, Игор Карачиќ и Вуко Борозан. Најпрво Борозан ја прекина лошата серија и намали на 5:7, за подоцна Карачиќ во 20 минута со својот гол да донесе израмнување на резултатот на 8:8. Бундеслигашот повторно го врати водството на своја страна, но најновото засилување на Вардар, Даинис Кристопанс донесува ново израмнување на резултататот (9:9). Последните пет минути од првото полувреме им припадна на Рајн-Некар, кога при резултат од 10:11, направија серија од 0:3, од кои два гола беа во контра напад, по еден на Талевски и Сигурдсон за на полувреме, противникот да има највисоки четири голови предност (10:14).

Првите два гола за Вардар во второто полувреме ги постигна Игор Карачиќ, со ударите од седум метри. Рајн-Некар повторно успева да направи серија од 0:3 и да има највисоки шест голови разлика (12:18). Во второто полувреме на голот застана Даниел Ѓорѓески, кој го замени Арпад Штербик. Не игравме баш најдобро, каде римавме лесни голови, додека во нападот премногу брзавме. Веќе сериозно стана кога крилот на Рајн-Некар, Гретцки во 41 минута зголеми на најголеми 15:23, по што тренерот Раул Гонзалес се реши да повика тајм-аут. Серијата на противникот ја прекина, Мораес Фереира кој постигнува гол од неговата позиција, за намалување на 16:23. Рајн-Некар не попушти и со два последователни голови веќе имаше водство од 16:25. На голот со само 15 години застанува младиот и талентиран, Марко Кизиќ, кој го менува Ѓорѓески. За да биде уште полошо, Борозан промашува пенал, за Рајн-Некар да казни и да има веќе двоцифрена предност во 44 минута (17:27). Апелгрин повторно стапува на сцена и брани удар од седум метри и на крилото, Иван Чупиќ. Новото зассилување на ротивникот, левиот бек Момир Рниќ погодува од контра напад, за предност на својот тим од 18:30. Најдобриот момент за идната на Вардар се случува во 50 минута, кога малиот Кизиќ брани удар и уфрла контра, кој ја реализира Тоше Ончев. До крајот на мечот, Кизиќ имаше уште неколку одбрани, со што покажа дека се работи за блескава иднина на клубот. Конечниот резултат на крајот гласеше 25:34. Најефикасен кај нас беше Борозан со 8 и Карачиќ со 6 голови.

Утре играме меч за трето место, а противник е екипата на Гумерсбах, каде ќе се обидеме да стигнеме до првиот триумф.