Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пораз на стартот од шампионатот, никогаш послаб натпревар на Вардар

Пораз на стартот од шампионатот, никогаш послаб натпревар на Вардар

Вардар новиот шампионат го започна со пораз. Попладнево шампионот на Македонија не одигра буквално ништо во Тетово, за 90 минути Вардар упати само еден удар во рамките од голот на Захов. Домаќинот заслужено се радуваше на три бода. Головите на овој натпревар ги постигнаа Алими и Жуниор во вториот дел.

Вардарци првиот дел го одиграа многу лошо, додека пак домаќинот можеше само да жали што не ги искористи големиот број на шанси пред голот на Гачевски. Првата шанса на мечот ја имаше Шкендија во 5 минута преку Жуниор кој биеше од 15-сетина метри, неговиот удар го одбрани Гачевски. Потоа Шкендија имаше уште три закани во серија, во 8 минута Гачевски спаси сигурен погодок на домаќините, Хасани биеше а нашиот голман одлично одбрани. Во 23 минута Вардар ја имаше првата и единствена голема шанса за погодок. Блажевски со волеј упати прецизен удар, но Захов успеа да одбрани и да спаси гол за Вардар. До крајот на мечот Шкендија створи уште две шанси, но за наша среќа не успеа да ги претвори во погодок. Во првиот дел беа доделени дури пет жолти картони, два кај Вардар.

На почетокот на вториот дел во игра во Вардар влезе Дарко Велковски на местото на младиот Колевски. Првите две закани во вториот дел дојдоа од домаќинот, Ибраими се закани на два наврати но без големи опасности по голот на Гачевски. Гачевски неможеше да го спасува голот целиот натпревар, во 61 минута Алими со одличен удар од 20-сетина метри го доведе својот тим во водство. Во следната акција Шкендија дојде и до 2:0, Жуниор биеше прецизно за двојно водство на домаќинот. Во продолжението од натпреварот во игра во нашиот тим влегоа Џигаури и Исени на местата на Николов и Новак. Повторно Гачевски го спаси Вардар од погодок, во 75 минута Радески биеше,  нашиот голман одлично одбрани и спречи нов гол. Вардар беше во комплетен шок на денешниот натпревар, по двата гола на домаќинот, нашиот тим не створи ниту една шанса да го загрози голот на Захов. И до финишот на натпреварот продолжи анемичната игра на шампионот, на крајот Шкендија славеше заслужена победа од 2:0.