Четворица вардарови играчи од генерацијата 2008 се повикани за контролните натпревари на Македонија У14 против репрезентацијата на Србија.
Повик од селекторот Раде Каранфилоски, добија голманот Павел Грбевски, потоа Матео Кесиќ, Душан Бојовиќ и Илија Митаноски. Натпреварите со Србија ќе се одиграат на тренинг центарот Петар Милошевски на 11 и 13.октомври.
Собирот на нашата репрезентација е закажан за 9.октомври ( недела).