Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар со 5/5 за лидерска позиција, падна и Скопје
ЖРК Вардар со 5/5 за лидерска позиција, падна и Скопје

ЖРК Вардар со 5/5 за лидерска позиција, падна и Скопје

ЖРК Вардар, денес во рамки на 5.коло беше домаќин на Скопје, девојките на Александар Царчев дојдоа до 5/5 и се зацврстија на лидерската позиција со максимални 15.бода. На дуелот во „Круме Кепески“ дојдовме до триумф со 34-22.

Поведовме, но ривалот се држеше најчесно на гол-два заостаток се до 5-4, кога со мини серија 3-1 поведовме со плус три (8-5) во 15.минута, потоа ние бевме тимот кој го котролираше натпреварот. Со тие три гола предност заминавме на одмор, за време на паузата беше 14-11 за девојките на Царчев.

Вториот дел започна со  наша доминација, влеговме во серија 10-2, со голот на капитенот Диневска Бојана поведовме со недостижни 11.гола по 12.минути ракомет. Во 42.минута водевме со 24-13 по што клупата на Скопје побара минута одмор. Ние доминиравме во целост, успеавме да победиме со 12 гола, триумфот дојде со резултат   34-22.

По шест гола имаа Трпевска и Стефаноска кои беа први стрелци, по пет гола имаа Поповска и капитенот Диневска, а Тошевска стрелаше четири пати. 

Илиќ имаше 9.обрани, а Трајкоска и Ѓорѓиевска имаа по две интервенции.