Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нова победа на Вардар, овој пат совладана екипата на Каменица Саса
Нова победа на Вардар, овој пат совладана екипата на Каменица Саса

Нова победа на Вардар, овој пат совладана екипата на Каменица Саса

Фудбалерите на Вардар издвојуваа нова победа и со самото тоа останаа лидери на првенствената табела и по оваа рунда. Вардарци се враќаат од Македонска Каменица со три бода, откако го победија домаќинот Каменица Саса со резултат 0:3.

По првиот дел Вардар имаше предност од еден разлика, а стрелец на голот беше капитенот Дарко Мицевски кој погоди од белата точка. Вардарци во првиот дел имаа уште неколку добри шанси за гол, но изостана реализацијата. Во вториот дел Вардар беше сигурен, имаше топка, посед, ствараше шанси и само прашање на време беше кога ќе дојде вториот гол.  Некаде кон средината на вториот дел преку Филип Јаневски, Вардар дојде до 0:2 и веќе сигурни три бода. До крајот на дуелот во листата на стрелци се запиша и Жоглев за убедливи 0:3.

Вардар во следното коло е домаќин на екипата на Беса.