Денес на теренот на Алумина, се одиграа натпреварите од 4.коло во Супер Лига, во кое кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Работнички
На натпреварот во кадетската Супер Лига домаќинот дојде до три бода. Тие остварија победа со резултат 5-0, имаа водство и по 45.минути кога на одмор се замина со резултат 2-0 за „црвено-белите“. Еден ист играч постигна дури четири голови, се работи за Бујар Мехмети, додека во листата на стрелци се запиша и Димитар Данев.
Вардар: Данстак, Трајчевски, Рахми, Митревски, Туша, Стефановиќ, Кулуковски (К), Сековски, Кузмановски, Нурединовски и Стојановски.
Играа уште и Леонид Илиевски, Хадис Рамани, Максим Бундалески, Лука Митрески и Филип Радевски.
Младинците на ФК Вардар со гостинска и убедлива победа кај Работнички. Младинците на Вардар успеаа да дојдат до три бода на дербито со тимот од Градски Парк. Ние на оваа средба победивме со резултат 1-4.
Првиот дел заврши нерешено 1-1, домаќинот поведе со 1-0 во 29.минута. Ние по само 2.минути изедначивме на 1-1 преку Стојилевски Марко. Имавме повеќе од играта до крајот на првиот дел, Фидановски Зоран се закани пред финишот сепак на одмор заминавме со реми 1-1.
Во вториот дел успеавме да погодиме дури три пати, бевме подобар тим во поле. За нас стрелаа: Величковски Никола (58′), Уневски Никола (72′) и Дошев Ѓорѓи (84.минута). Честитки за сите момци за оваа победа.
Вардар: Филевски Никола, Фидановски Зоран , Јовановски Филип, Величковски Никола (К), Стојановски Стефан, Дошев Ѓорѓи, Анчевски Никола, Цветков Горјан, Алексоски Андреј, Стојилевски Марко и Спасиќ Тино.
Играа уште и Апостоловски Илија, Каровски Сандро, Стојановски Христијан, Блажевски Филип и Уневски Никола.