Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Половичен успех во Регионалната лига за Вардар
Половичен успех во Регионалната лига за Вардар

Половичен успех во Регионалната лига за Вардар

Вардар со два тима одигра дуели во Регионалната  Скопска лига, на кои постигнавме половичен успех.

FB_IMG_1665248582443

ФК Вардар генерација 2008 дојде до победа во регионалната лига

Момците на Влатко Колев, ген.2008 денес на домашен терен ја совладаа екипата на ФК КУЛ. Ние дојдовме до победа на оваа средба со резултат 3:0 (1:0). На одмор заминавме со гол предност, за нас погоди Кадрији Ендрит во 10.минута. Во вториот дел со уште два гола дојдовме до победа, стрелаа Јевтоски Христијан во 43.минута и Буцевски Дамјан во 62.минута.

FB_IMG_1665248587626

Состав: Грчевски Лука, Јевтоски Христијан, Цветковски Филип, Ташевски Иван, Идризи Омер, Блажевски Петар, Буцевски Дамјан, Блажев Дамјан, Кадрији Ендрит, Делев Данило и Дарлишта Беким.

Екипата на ФК Вардар генарација 2009 беше поразена денес во рамки на скопската регионална лига на домашен терен од тимот на Кул.

FB_IMG_1665248608858

Гостинот дојде до победа со резултат 0-5, тие уште по првиот дел имаа предност од два гола. Во вториот само ја потврдија победата на оваа средба.

FB_IMG_1665248622757

Состав: Ангеловски Марио, Колевски Даниел , Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Николов Матеј , Ристевски Матеј, Бошковски Коста, Колевски Давид, Галевски Лука, Смиљков Мартин и Јовиќ Андреј.

Во игра влезе и Стамчевски Леонид.