Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра нови два контролни натпревари. На 3 и 5.ноември оваа младинска селекција ќе ги одмери силите против Црна Гора, на дуели кои ќе се одиграат во Подгорица.
Селекторот Драган Канатларовски за овие натпревари повика дури шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Наум Ангелов, за кој ова е втор повик, потоа Левент Ибраим, Максим Милошевски, Давид Љушев, Бесар Гуџуфи и Георг Стојановски.