Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гласајте за Дибиров во изборот за најдобро лево крило во последниве десет години
Гласајте за Дибиров во изборот за најдобро лево крило во последниве десет години

Гласајте за Дибиров во изборот за најдобро лево крило во последниве десет години

Тимур Дибиров се најде во изборот на Хандбал Планет, за најдобро лево крило. Реномираниот портал за ракомет ги објави играчите кои ќе се борат да бидат најдобри на своите позиции, од 2011-2020 година.

На позицијата лево крило номинирани се Тимур Дибиров, Уве Генсхајмер и Валур Сигурдсон. Во изборот за најдобар тим се најде и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров како најдобар десен бек.

За Дибиров можете да гласате на линкот, ТУКА.