Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Селекторот Милевски за тренинг кампот во Охрид, повика шест играчи од редовите на Вардар
Селекторот Милевски за тренинг кампот во Охрид, повика шест играчи од редовите на Вардар

Селекторот Милевски за тренинг кампот во Охрид, повика шест играчи од редовите на Вардар

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски заедно со неговиот стручен штаб од вчера па до 14. декември ќе одржат тренинг камп за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат. За тренинг кампот во Охрид на „Билјанини Извори“, Благоја Милевски, повика и неколку играчи од Вардар.

Се работи за Матеј Андов, Марио Младеновски, Џемал Ибиши, Стефан Наумчевски, Давид Велковски и Бојан Димоски. Поради повреда од списокот отпаднаа Али Адем и Бојан Колевски. Нивните тимски колеги, Андов, Ибиши и Димосски ќе ги пропуштат првите два тренинзи поради настап за младинците на Вардар во Купот на Македонија.

Селекцијата која што ќе го одработи кампот во Охрид, в сабота од 13:00 часот ќе одигра тренинг натпревар против Работнички на стадионот „Билјанини Извори“ од 13:00 часот.