Данило Брестовац, селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, повика 19 ракометари што ќе патуваат на пријателски средби во Србија и Романија. На списокот се наоѓаат и ракометарите на Вардар, голманот Марко Кзиќ и левото крило Димитар Димитриоски. Собирот е закажан за 20 декември во Скопје. Потоа се заминува за Србија каде ќе одиграат контролни натпревари и потоа се продолжува за Романија на Трофеј Карпати. Селекторот ќе ги одмара поискусните ракометари што досега беа стандардни, и тие ќе се приклучат подоцна.