Продолжуваме со преглед на есенскиот дел во детската лига за вардаровите генерации. Следна е генерацијата 2009, која пред себе имаше одлична полусезона под водство на Игор Кралевски.
Вардар (1) одигра вкупно девет натпревари, на кои забележа седум победи и два нерешени резултати, без ниту еден пораз. Екипите на Форца и Драчево ни пружија најсилен отпор, кои успеаа да извадат бодови, на останатите мечеви победувавме со голема разлика. Бевме голгетерески расположени успевајќи да постигнеме 49 голови, додека одигравме добро во одбраната, дозволувајќи да примиме само 6 голови.
Сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Форца 1:1
2 коло: Вардар – Албион 6:1
3 коло: Вардар – Кул 4:2
4 коло: Вардар – Еуроспорт 4:0
5 коло: Вардар – Њу Старс (1) 4:1
6 коло: Вардар – Драчево Ј. 0:0
7 коло: Вардар – Нова Колонија 7:1
8 коло: Вардар – Смилковци 13:0
9 коло: Вардар – Албарса 10:0
Добра полусезона имаше и екипата на Вардар (2) која на осум одиграни мечеви, имаше скор од шест победи, еден нерешен резултат и пораз. Постигнавме вкупно 38 голови, додека примивме 16.
Сите резултати на оваа екипа во есенскиот дел:
1 коло: Вардар – Куманово 2:5
2 коло: Вардар – Карев 6:2
3 коло: слободни
4 коло: Вардар – Њу Старс (3) 8:0
5 коло: Вардар – Скупи 2:2
6 коло: Вардар – Работнички 3:1
7 коло: Вардар – Грозданоски 5:2
8 коло: Вардар – Кул 9:4
9 коло: Вардар – Сарај 3:0 ( службено)