Денес на теренот на Академијата меѓусебен пријателски натпревар одиграа двете пионерски екипи на ФК Вардар. Поуспешни беа повозрасните, родени „2002“ година кои ги совладаа помладите пионери на Деспотовски со резултат 3:1.
Сите три гола на овој натпревар паднаа во второто полувреме. Мечот се играше 80 минути, од две полувремиња по 40 минути. За пионерите кои се предводени од Кралевски головите ги постигнаа Ветон Туша кој на два пати се запиша во листата на стрелци и Харун Алими, додека за помладите пионери единствениот гол беше дело на Георг Стојановски.
Пионерите настапија во следниот состав: Величковски, Величковиќ, Костовски, Крстевски, Салиу, Трајановски, Алими, Гугуљанов, Речица, Демири, Омерагиќ.
Стартниот состав на помладите пионери: Јовчев, Трпезановски, Ѓорѓоски, Ѓорѓиевски, Андрески, Стојчевски, Хасани, Мирков, Саит, Тасевски, Лозановски.
Во второ полувреме играа: Стојковски, Јовановски, Сељанац, Исмаили, Давков, Давидовски, Петковски, Хасани, Живков, Стојановски и Марковски.