Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак ќе игра во Тетово!
Новак ќе игра во Тетово!

Новак ќе игра во Тетово!

Одлични вести доаѓаат од ФК Вардар. Најдобриот дефанзивец во ПМФЛ, Евгениј Новак, е подготвен и без сомнение ќе биде носителот на вардаровата одбрана на неделниот дуел во Тетово.

Новак не настапи на контролниот дуел со Академија Пандев и затоа Вардар прими дури шест голови. Со Новак и Манев, одбраната на Вардар ќе биде засилена и со стандардните Брдаровски и Жуниор на десната, односно левата бековска позиција.

Натпреварот Шкендија – Вардар ќе биде одигран в недела со почеток од 14.00 часот.