Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити“ : На овој натпревар ве повикуваме да дојдете со нашите обележја, Комити, Вардар и Македонија!
„Комити“ : На овој натпревар ве повикуваме да дојдете со нашите обележја, Комити, Вардар и Македонија!

„Комити“ : На овој натпревар ве повикуваме да дојдете со нашите обележја, Комити, Вардар и Македонија!

По повод саботниот натпревар на Вардар и Веспрем во Скопје, „Комитите“ на својата официјална страна го напишaа следното:

Еден натпревар а илјадници причини зошто да бидеме сите во сала…
Прв домашен годинава но ко да е последен…Толку силен набој на толку спротивставени емоции, толку силна енергија која мора да избие од сите нас, енергија која омразата и презирот во Сабота ќе ги претвори во љубов и надеж ! Љубов за Вардар која ќе не однесе уште еднаш многу блиску до Европските височини, надеж за Македонија, која толку многу е потребна за да ги излечи раните на тажното секојдневие во последно време…
Потребна ни е победа која ќе не издигне над сите порази кои ги доживуваме како нација, а кои не ги заслужуваме, победа која ќе ни ја врати верата во нас, во Македонија, вербата во она што сме…

Да го наполниме копот како што само ние знаеме да го наполниме, да го наполниме со Комитски екипи кои се калени на жешките асвалти, со многу натпревари зад себе на домашни и гостински терени, докажани во многу ситуации, во битки и прослави, во победи и порази…но покрај нив да дојдат и нови кои ќе го продолжат она за кое сите ние се бориме, идеата за ВАРДАР, идеалот за МАКЕДОНИЈА!

Да станеме еден организам кој со текот на времето стана имун и отпорен на сите зли јазици, на сите душмани, на сите непријатели, една душа која се исполнува пеејќи ги песните кои сите ги знаеме и на кои се дивиме, на кои кожата ни се наежува слушајќи ги! Организам кој ќе ја пренесе енергијата преку вените низ кои тече врела Комитска и Македонска крв…
Како и многу предходни натпревари и овој го посветуваме на наши членови, истакнати, легенди кои својот живот го поминаа на нашата западна трибина!

Еден предничи, сите го знаеме, човек со срце како планина, човек кој направил толку многу за ова наше име Комити биде изговарано со воздишка, респект и гордост. Човек кој не би направил зло никому, а неправедно е осуден без никакви докази, жртва е на нефункционалниот систем кој ги суди Комити само поради својата крв, чест и вера!
Средствата од влезниците за нашата трибина ги наменуваме за Перо – Metal Force!
На овој натпревар ве повикуваме да дојдете со нашите обележја, Комити, Вардар и Македонија!
Нека се веат Македонски знамиња, нека се роди ново сонце на СЛОБОДАТА!!!
Сабота 16.02, Јане Сандански 17:30ч.