Здравствениот билтен на тимот пред гостувањето кај шампионот на Шведска, екипата Малме не е идеален. Неколку играчи на Седлоски Гоце имаат повреди и се во опасност да не може да се подготват за првиот меч. Висат, Бобан Николов, Дарко Велковски и Евгениј Новак.
Младиот Николов кој порано од Австрија дојде во Скопје има повреда на прстот од ногата. Дарко Велковски има проблеми со ложата, двајцата ги добија овие повреди за време на настапот за младата селекција на неодамнешното ЕП У-21 во Полска. Дополнителен проблем прави и новата повредата на Евгениј Новак, истата настана во Австрија на последниот тест-дуел со руски Тосно. Дали лекарскиот тим ќе успее да ги оспособи до идната среда останува да видиме. Момците денес по два дена одмор почнуваат со тренинзи во тренинг-камп на ФК Вардар во Скопје.