Заврши одморот на црвено-црните момци, тие ги “потрошија“ двата слободни дена кои ги добија од шефот на стручниот штаб на вардарци, Гоце Седлоски. Вардаровите фудбалери и стручен штаб по двенедели подготовки се вратија во Скопје во неделата, откако претходно ги завршија летните подготовките во Австрија.
После враќањето, вардарци добија два слободни дена. Денес повторно се “палат моторите“, и продолжуваат момците да се подготвуваат за гостувањето кај Малме идната среда во рамките од првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во оваа последна недела ќе се работат финалните подготовки на физички и пред се техничко-тактички план пред европскиот предизвик, трет по ред во елитната Лига на шампиони.