Денес својот 24-ти роденден го прославува играчот на РК Вардар, Хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ. За Циндриќ ова ќе биде трета сезона во дресот на Вардар, со кој ги освои домашното првенство и куп. Тој воедно стигна до титули и во СЕХА и ЛШ.
Нашата редакција му посакува многу здраје, среќа и успех на спортски план. Во наредната сезона да освои повеќе трофеи и да ја одбрани титулата во лигата на шампиони со црвено-црните.