Фудбалерите на нашиот црвено-црн колектив од 20 месецов до 14 февруари ќе престојуваат во познатиот зимски центар за подготовки Анталија во Република Турција. Вардарци ќе бидат сместени во луксузниот хотелски ресорт „Калиста“. Во истиот ќе бидат за време на целиот 25-дневен период.
Според досега прецизираниот план за подготовки закажани се 5 тест-меча. Избраниците на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски ќе ги одмерат силите со следните противници во Анталија:
28 јануари: Вардар – Вил 1900 /Швајцарија/
05 февруари: Вардар – Слован Либерец /Чешка/
08 февруари: Вардар – Металист Харкив /Украина/
12 февруари: Вардар – Черноморец Одеса /Украина/.
Напомена: Дуелот со тимот на Волфсбергер ќе биде одигран во 15:30 часот по локално време. Истиот ќе се игра на терените на хотелскиот комплекс „Титаник Бич Лара“, а пак за останатите мечеви ќе бидат дополнително утврдени терените и термините на нивно одигрување.