Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Нелоска: Најсреќниот момент во мојот живот, беше веста да настапувам за младинските категории на Вардар
Анастасија Нелоска: Најсреќниот момент во мојот живот, беше веста да настапувам за младинските категории на Вардар

Анастасија Нелоска: Најсреќниот момент во мојот живот, беше веста да настапувам за младинските категории на Вардар

Анастасија Нелоска е најдобриот играч за кадетките на Рк Вардар по првиот дел од сезоната во оваа конкуренција. Нелоска на вкупно 5 одиграни натпревари има постигнато 33 голови, што ја прави да биде најефикасна во својата екипа. Во наредново интервју ве запознаваме со младата и надежна ракометарка на Вардар.

1. Од каде произлезе желбата да се занимаваш со ракомет и љубовта спрема овој спорт. Кога беа твоите први почетоци со ракометот ?

-Уште како мала гледав ракомет и во мене се вроди желба да го пробам тој спорт, кој влеваше жар во моите очи. И така уште од моите рани години почнав да тренирам ракомет во ракометниот клуб Стружанка од Струга.

2. Имаше можност да бидеш избрана меѓу најдобритте на селекциите кои беа организирани од ракометниот клуб Вардар. Какво беше чуството кога ти ја соппштија оваа вест ?

- Во тој момент кога ми соопштија дека имам шанси да бидам дел од ракометниот клуб Вардар бев воодушевена. Максималмо се трудев да дадам се од себе на селекциите за да бидам избрана во големото семејство на Вардар. Неколку дена по селекциите, мојот тренер Анжела Платон ме извести дека сум примена да настапувам за младинските категории на Вардар. Тој момент беше најсреќниот од мојот живот.

3. Ова е твоја прва сезона во црвено-црниот дрес. Со оглед дека додје од Струга колку време ти беше потребно да се прилагодиш во новата клупска средина ?

- Да оваа сезона ми е прва во црвено-црниот дрес. Во новата средина се прилагодив брзо и имав доста време да се запознаам со екипата. Задоволна сум што мојата екипа брзо ме прифати таква каква што сум и се надевам дека ќе имаме многу успеси во наредниот период.

4. Во првиот дел од сезоната имате забележано две победи и три порази, иако мора да се нагласи дека се натпреварувате во лига со повозрасни категории. Дали сметате дека можевте повеќе од досегашните постигнати резултати ?

- Ова не беше максимален почеток .Јас како капитен знам дека мојата екипа може повеќе да има победи отколку порази. Знам дека можеме повеќе и се надевам дека тоа ќе го докажеме во преостанатиот дел од сезоната.

5. Вие сте најефикасниот играч за кадетките на Рк Вардар по првиот дел од сезоната, во просек постигнувате по 7 голови на натпревар. Дали ви годи ова признание за лидер на својот тим во полусезоната во кадетската лига ?

- Јас мислам дека можам уште повеќе да придонесам за мојата екипа и да имам поголеми и подобри резултати. Искрено многу сум среќна за сегашниот постигнат успех но не треба да се потпирам на тоа, туку да продолжам уште појако и појако да напредувам.

6. Имавте можност да бидете дел од силниот турнир во Белград, каде на крај завршивте на четвртото место. Една твоја кратка анализа за вашиот настап на “Трофеј Белград“ ?

-Турнирот според мене го поминавме солидно, затоа што знаев дека можеме и повеќе да постигнеме од 4-то место. Сите бевме потполно спремни и мотивирани од нашите тренери,полни со жар и трепет во нас. Но се надевам дека следната година ќе го претставиме нашиот клуб во најдобро светло на турнирот “Трофеј Београд“ .

7. Што може да очекуваме од кадетките на Рк Вардар во вториот дел од натпреварувачката сезона ?

-Во преостанатиот дел од сезоната од мојата екипа очекувам повеќе победи и повеќе залагање од сите девојки. Целта е оваа преостаната половина од сезоната да ни биде поуспешна.

8. За неколку дена започнува турнирот во организација на ракометниот клуб Вардар. Кои се вашите очекувања од второто издание на овој турнир ?

-Ова ќе биде мое прво учество на турнирот Вардар- “една љубов, еден живот“. На него очекувам одлична игра и за крај се разбира добри резултати од страна на мојата екипа. Ќе дадеме се од себе на крајот да завршиме на највисокото место, изјави Анастасија Нелоска за Вардар фанс.

Звонко Ивановски