Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ким Расмусен : Вардар е фаворит бидејќи игра во Јане Сандански

Ким Расмусен : Вардар е фаворит бидејќи игра во Јане Сандански

Ким кога беше преставен како помошник на Индира!

Ким кога беше преставен како помошник на Индира!

Данскиот ракометен стручњак Ким Расмусен кратко беше дел од црвено-црниот женски ракометен колектив, но неговиот престој во Скопје траеше многу крако по што тој замина. Потоа следеа објаснувања дека нешто во Вардар не било онака како што данецот очекувал. Тој повторно се враќа во Скопје во С.Ц Јане Сандански како кормилар на следниот противник на Жрк Вардар екипата на ЦСМ  Букурешт. Тој на стандардната прес конференција пред заминувањето за Скопје, за локалните  медиуми изјави :

Во 2016 година влеговме  без неколку важни ракометарки за нас. Сепак се врати Линеа која не е  100 проценти спремна, а мали проблеми  имане и  со Родригез. Ние работевме на нов стил на ракомет, како и на нов систем на игра.  Во ова фаза се среќаваме со 3 исклучително силни тима, а сите имаат  иста цел  место на Ф-4. Немаме што да загубиме ќе играме најдобро што знаеме и очекувам да напредуваме во играта  од меч во меч. Прелиминарниот  меч со Вардар годинава   ќе биде физички напорен дуел, пред се  бидејќи и обата  тима практикуваат  цврста игра. Нашата одбраната мора да е  на ниво во текот на сите 60 минути. Очекувам мечот да го решат по мене  голманите на двата тима. Вардар е фаворит бидејќи игра на својот домашен терен во Јане Сандански. Сепак  ние одиме  во Скопје  да победиме. што е наша желба- изјави Расмусен.